Италијанскиот гигант Јувентус како да се предава во трката за титулата откако загуби во дербито од Наполи со 1:2. Старата дама остана со 57 бодa, што е 12 бода помалку од лидерот Интер, кој вечерва на „Џузепе Меаца“ ќе игра против Џенова и може да ја зголеми разликата до 15 бода.
Гостувањата на Јувентус кај Наполи стануваат кошмарни за тимот од Торино затоа што синоќа по петти пат во низа загубија на тој стадион. Низ историјата на најтрофејниот италијанскиот клуб само еднаш претходно се случило Јувентус да има пет порази по ред на гостување кај ист ривал.
Тоа било во периодот од 1960 до 1964 година, кога Јувентус петпати по ред загуби од Фиорентина, а сега 60 години подоцна, Старата дама пет пати по ред губи на гостувањата кај Наполи.