Не Халанд, туку Фоден треба да биде летната трансфер-бомба на Кралевите

Фил Фоден ја игра најдобрата сезона во кариерата и со тоа го привлече вниманието на најголемиот фудбалски клуб на светот, Реал Мадрид.

Шпанскиот портал „Дефенса централ“ денеска лансира вистинска бомба откако преку свои извори во Реал Мадрид дознава дека претседателот Флорентино Перес налето ќе тргне по потписот со Фил Фоден.

Скаутите и директорите на Кралевите се импресионирани од игрите кои Фоден сезонава ги прикажува, а маркетинг одделот го означи англискиот репрезентативец како идна суперѕвезда, а таквите играчи вообичаено завршуваат на „Сантијаго Бернабеу“.

Фоден е под договор со Манчестер сити до 2027 година и според „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува 110 милиони евра, но доколку Реал Мадрид тргне по него, тогаш ќе мора да плати повеќе од 200 милиони.

Фил Фоден сезонава одигра 40 натпревари за Сити во сите натпреварувања и постигна 18 гола, а има и 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести