Недиќ: Тоа е удар во грклан и Винисиус требаше да добие црвен картон (Видео)

Реал Мадрид се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите иако на свој терен одигра само 1:1 против Лајпциг. Кралскиот клуб оди понатаму благодарение на триумфот на гости со 1:0.

Винисиус јуниор вечерва донесе радост за домашните фанови кога погоди за 1:0, но според некои аналитичари, Бразилецот воопшто не требало да биде на теренот во таа 65-та минута, кога беше даден голот за Реал и требало да биде избркан од игра поради ситуација која се случи десетина минути порано.

Младиот Бразилец прво го фаулира гостинскиот капитен Орбан, а потоа и со двете раце намерно го удри во пределот на грлото и го турна на земја. Судијата Маса од Италија му даде само жолт картон на Винисиус, кој дури и негодуваше што беше санкциониран со жолт картон.

Со одлуката на судијата Маса не се согласува Дејан Недиќ, кој работи како стручен консултант во РТС. Според Недиќ, Винисиус требало веднаш да добие црвен картон поради ударот на противнички играч.

„Одамна немам видено толку респект кон еден клуб од страна на судиите. Дали се работи за Белградска зона или Реал Мадрид, правилата треба да се исти за сите. Ако удирањето е во пределот на вратот, тогаш е црвен картон. ВАР не сака да се меша кога судијата има добар преглед. Ова не може да е жолт картон затоа што се работи за удар во пределот на вратот. Тоа е грклан. Извинете, ама ова е за црвен картон. Апсолутно, ова е за црвен картон“, реагираше Недиќ.

- Оглас -

Најнови вести