Карло Анчелоти беше тренер на Наполи во летото 2019 година на чие барање Елиф Елмас од Фенербахче направи мега трансфер во Наполи.
Италијанскиот стручњак кој е единствениот на светот со четири титули во ЛШ и ги има освоено сите пет најсилни лиги во Европа, има близок однос со Елмас, иако Дон Карло само неколку месеци му беше тренер на македонскиот репрезентативец.
Елмас не заборава кој му помогна да се пробие во во топ лигите, а синоќа по завршувањето на мечот Реал Мадрид – Лајпциг, му пријде на Анчелоти и се прегрнаа.
Елмас имаше емотивна објава со благодарост кон Анчелоти на Инстаграм и во зимата 2019 година кога стручњакот кој сега го води Реал Мадрид, беше сменет од тренерската функција во Наполи.