Интер Мајами каде главниот збор го имаат поранешните ѕвезди на Барселона, успеа да се врати од негатива од два гола и да се спаси од пораз во првиот меч од осминафиналето во Конкакаф купот.
Нешвил и Интер Мајами одиграа 2:2, а домаќинот имаше водство од 2:0 до 52-та минута.
Нешвил поведе со головите на Џејкоб Шлафелбург во четвртата и во 47-та минута.
Интересно е што во моментите кога Нешвил го постигна првиот гол на мечот, од трибините ечеше Кристијано, Кристијано.
Одговорот на Меси беше гол во 52-та минута со кој намали на 2:1.
Интер Мајами од пораз се спаси во петтата минута од судиското продолжение кога Луис Суарес погоди за 2:2.