Лоши вести за Еурофарм Пелистер и репрезентацијата, Ненад Костески ги скинал лигаментите во коленото

Ракоментарите на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ, на натпреварот од Лигата на шампионите против Колштад се здобиле со повреди поради кои нема да можат да настапат во следниот период, а особено тешка е повредата на Костески за кого сезонава е завршена и нема да може да игра ни за репрезентацијата на Македонија на баражите против Фарски острови на 8-ми и 12-ти мај.

„Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Ненад Костески во наредниот период ќе мора да се подвргне на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.

Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Очекуваме дека Павле ќе се врати на терените после пауза од три недели.

На двајцата наши млади играчи им посакуваме побрзо враќање на ракометниот терен. Клубот ќе ги превземе сите мерки за најквалитетна здравствена нега“, објавија од Еурофарм Пелистер.

 

- Оглас -

Најнови вести