И Филип Кузмановски отпадна за пријателските мечеви со Романија

Македонската машка ракометна репрезентација, попладнево ја имаше првата прозивка за ЕХФ неделата и со тоа е означен стартот на подготовките за пријателските мечеви на гостински терен против Романија на 15-ти и 16-ти март.

Најновата лоша вест за селекторот Кирил Лазаров е дека за двомечот со Романците, нема да може да смета ни на Филип Кузмановски, со кого се прошири листата на отсутни. Од претходно, познато беше дека со Романија нема да играат ни Никола Митревски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, а веројатно ќе ги нема ни Павле Атанасијевиќ ни Милан Лазаревски.

Дополнително е повикано крилото Давид Савревски, а не е исклучено Лазаров да повика уште некој играч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести