Лацио зареди со поразите, сега мерка им зеде Удинезе и тоа на „Олимпико“ (Видео)

Во последниот натпревар од 28-то коло во Серија А, фудбалерите на Удинезе го совладаа Лацио со 2:1 и тоа на „Олимпико“.

Со овој триумф, Удинезе ја продолжи серијата без пораз на „Олимпико“ во дуелите со Лацио, ова беше шести меч во низа на кој не се совладани. Удинезе има по три победи и ремија на „Олимпико“ во последните шест меѓусебни дуели, а последен пат загубиле во Рим во 2019 година.

Од друга страна, Лацио се наоѓа во серија од четири порази во низа. Црната серија им започна со Фиорентина (1:2), па потоа загуби од Милан (0:1), по што следеше поразот од Баерн во ЛШ (0:3) и вечерва од Удинезе.

Сите три гола вечерва беа постигнати во второто полувреме и тоа од играчите на Удинезе.

Резултатот го отвори Лоренцо Лука во 47-та минута, а две минути подоцна Лацио израмни со автоголот на Лаутаро Џиането.

Голот за победа на Удинезе го постигна Ојер Зарага во 51-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести