Екипата од Обединетите Арапски Емирати, Ал-Аин, во луд меч кој беше решен со пенал-рулетот, го елиминира Ал-Наср и се пласира во полуфиналето на азиската Лига на шампиони.
Во регуларниот дел од мечот беше 3:2 иако Ал-Аин имаше водство од 0:2, и поради минималниот труимф на тимот од ОАЕ во првиот дуел, мораше да се играат продолженија од двапати по 15 минути.
Ал-Аин поведе со двата гола на Рахини, но Гареб до крајот на првото полувреме погоди за 1:2.
На стартот од вториот дел, Еиса си ја затресе сопствената мрежа за 2:2, по што следуваше неверојатното промашување на Роналдо кога од два-три метри не го погоди празниот гол.
Алекс Телес во 72-та минута со голот од слободен удар направи прсврт и донесе водство на Ал-Наср од 3:2.
Во продолженијата, Ал-Аин израмни на 3:3 по неверојатниот кикс на голманот на Ал-Наср, Ал-Нажар. Сепак, во 118-тата минута, Кристијано Роналдо од пенал погоди за 4:3 по што патникот во полуфиналето мораше да биде решен во пенал-рулетот.
Во него, како подобри пеналџии се покажаа играчите на Ал-Аин кои ги реализираа трите удари, додека кај Ал-Наср само Роналдо беше сигурен, а Брозовиќ, Телес и Отавио промашија и го испратија тимот од ОАЕ во полуфиналето.
Otavio missed and All Nassr was eliminatedpic.twitter.com/nqemo7FxTb
— FootColic ⚽️ (@FootColic) March 11, 2024
https://twitter.com/i/status/1767313492431032410