Дортмунд на 45 минути од четвртфинале, голеада на „Ванда“ во првото полувреме (Видео)

Три гола се постигнати на двата натпревари од Лигата на шампионите по првите 45 минути. Борусија Дортмунд е блиску до пласман во четвртфиналето, со оглед на тоа дека има минимални 1-0 против ПСВ Ајдховен со голот на Џејдон Санчо уште во третата минута.

Првиот натпревар во Холандија заврши без победник, 1-1.

Интересно е на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, каде што е нерешено, 1-1, по првото полувреме. Интер поведе преку Димарко во 33-тата минута, но само две минути подоцна Гризман стрелаше за израмнување и го остави Атлетико во игра за пласман во четвртфиналето, со оглед на тоа дека екипата од Милано има предност од 1-0 од првиот натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести