Лајпциг ја оствари најубедливата победа во 2024 година, Елмас остана на клупата

Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг славеа со убедливи 5:1 на гостувањето кај Келн во првиот натпревар од 26-тото коло во Бундеслигата. Ова е најубедллива победа за Ред Бул Лајпциг во 2024 година.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, не доби шанса да влезе во игра и целиот меч го преседе на клупата за резервни играчи.

Со победата, Ред Бул Лајпциг ја прескокна Борусија Дортмунд на четвртото место на табелата со 49 бода, два повеќе од Милионерите кои својот меч од 26-тото коло против Ајнтрахт ќе го играат в недела.

Чави Симонс во 15-тата минута го отвори резултатот, а домаќинот само три минути подоцна успеа да дојде до израмнување преку Саргис Адамјам.

Тоа беше се што фудбалерите на Келн направија на овој меч, додека фаворитот во второто полувреме постигна четири гола за убедлив триумф од 5:1. Лоис Опенда со два гола за само четири минути ги обезбеди бодовите за Ред Бул Лајпциг, додека Хаидара во 70-тата и Јусуф Поулсен во 82-та минута ја заверија убедливата победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести