Со натпреварот кој ќе започне од 15 часот меѓу Работнички и Струга ТЛ ќе биде затворено 24-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Романтичарите се наоѓаат на осмото место на табелата со 27 бода, еден повеќе од Вардар кој е десетти и се наоѓа на позиција која води во баражот за опстанок, додека шампионот Струга ТЛ е лидер на табелата со 48 бода.
Последниот натпревар овие два тима го играа пред точно еден месец и заврши без голови, а квотата во Sport Life за повторно да нема победник изнесува 3.05.
Очекувано, фаворитската улога ја има Струга ТЛ (1.82), додека квотата за Романтичарите да слават и да скокнат на табелата е 4.05.