НБА-ѕвезда е воодушевена од вечното кошаркарско дерби: Тоа е како дрога, би сакал да биде така и во НБА (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Пол Џорџ, кој настапува за ЛА клиперс, е воодушевен од атмосферата на вечното кошаркарско дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан.

https://twitter.com/BasketNews_com/status/1770004581600141538

 

„Има многу интересни работи во Евролигата. Дали некогаш сте ја виделе атмосферата на натпреварите? Мојата сопруга Даниела е од Србија и ми покажа видеоснимки од натпревари меѓу Црвена ѕвезда и Партизан. Тоа е неверојатно ривалство и има буквално сè на натпреварите, скандирање, пеење, бакли. Тоа е како дрога. Кога бев во Србија, ме прашаа за кого навивам. Таму е опасно ако ве фатат, а навивате за противничкиот тим. Тоа оди многу далеку“, изјави Џорџ во својот поткаст.

Тој истакна дека би сакал слична атмосфера да има и во арените во САД.

„Нормално, да нема насилство и што било што би водело кон тоа, но да биде малку повозбудливо. Кога играв за репрезентацијата на натпреварувањата под капата на ФИБА, гледав како навивачите од другите земји ги бодреа своите кошаркари. Тоа ве инспирира и навистина е дел од играта“, додаде Џорџ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести