Баерн се согласи да го продаде капитенот, Кимих ќе игра за најголемиот тим на светот?!

Баерн Минхен се согласи да го продаде капитенот и еден од најважните играчи, Џошуа Кимих, објавија германските медиуми.

Новинарот Флоријан Плетенберг, кој речиси никогаш не греши кога станува збор за информации за германскиот фудбал, ексклузивно откри дека преговорите за нов договор не напредуваат и дека Баерн поради тоа е подготвен да го продаде Кимих.

Во Баерн многу нема да тагуваат бидејќи неговиот наследник, Александар Павловиќ, игра фантастично сезонава.

Според него, Кимих сака да игра во некој од најдобрите европски клубови и речиси сигурно тоа ќе биде најголемиот клуб на светот, Реал Мадрид.

Реал Мадрид е подготвен да плати 80 милиони евра за Кимих, во кого го гледаат идеалниот наследник на Лука Модриќ.

Кимих претходно се поврзуваше и со Манчестер сити, каде што повторно би работел со Хосеп Гвардиола, но за капитенот на Баерн Минхен овојпат парите нема да играат пресудна улога.

- Оглас -

Најнови вести