Џим Ретклиф го одбра новиот тренер на Јунајтед, навивачите воопшто не се задоволни

И покрај тоа што Манчестер јунајтед го елиминира Ливерпул и обезбеди пласман во полуфиналето од ФА купот, сепак навивачите бараат смена на тренерот Ерик тен Хаг. На сличен став е и новиот инвеститор Џим Ретклиф, кој планира налето да го ослободи од обврските холандскиот тренер.

Желбата на Ретклиф е нов тренер на Црвените ѓаволи да биде Герет Саутгејт, селекторот на Англија. Планот е по настапот на Европското првенство, Саутгејт да седне на клупата на Манчестер јунајтед, а се чини дека славниот англиски фудбалер, а моментно селектор, нема да има ништо против.

Сепак, ваквата идеја не им се допаѓа на навивачите кои сметаат дека Саутгејт не е идеалното решение за нивниот клуб бидејќи не покажал ништо во репрезентацијата, која, според нив, игра слабо.

Саутгејт како селектор ја предводеше Англија на три големи натпреварувања. На Светското првенство во 2018 дојде до полуфиналето, па следуваше финале на Европското првенство во 2021, а на последниот Мундијал, Англија испадна во четвртфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести