Македонската фудбалска репрезентација за играчи со 19 години, денеска на стадионот „Петар Милошевски“ покрај ФФМ, ќе го игра вториот меч од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. Во првото коло македонските надежи загубија од врсниците од Украина со 2:0, а победи и Швајцарија и тоа со 1:0 против Летонија.
Сега, Македонија мора да атакува на триумф и освојување на три бода, ако сака да остане со шанси за пласман на континенталниот собир.
Сепак, според коефициентите, Швајцарија е фаворит за триумф, но токму тоа може да биде шанса за избраниците на Тони Јакимоски да изненадат.