Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.05 или поголеми и се дуели на репрезентации, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 48.99.
Првиот предлог е од квалификациите за СП 2026 меѓу Тајланд и Јужна Кореја и има квота од 2.15. Оваа квота се добива ако се одигра на победа на Јужна Кореја и притоа бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Вториот предлог е дуелот на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години во квалификациите за ЕП. Македонија, која е организатор на елитните квалификации од групата седум, во последното коло игра против Летонија и ја има фаворитската улога. За играта македонските фудбалери да слават и притоа биде постигнат барем еден гол во второто полувреме, квотата изнесува 2.15.
Најголемата квота изнесува 2.35 и е од финалниот дуел од баражите за пласман на ЕП меѓу Велс и Полска. Играта која ја нуди најголемата квота е да се постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
И најмалата квота е од финалните дуели од баражите за пласман на ЕП, и тоа оној меѓу Украина и Исланд. Украинците во овој натпревар ќе влезат како фаворити и ако ја оправдаат улогата и притоа биде постигнат барем еден гол во првото полувреме, квотата изнесува 2.05.
Последниот предлог е од најинтересниот меч на денот меѓу поранешните светски шампиони Шпанија и Бразил и има квота од 2.20. За да се добие оваа квота, потребно е да се одигра на голови, односно да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме и барем три на целиот натпревар.