Грција не е Македонија: Јужниот сосед на колена во Тбилиси, Грузија ќе дебитира на ЕП!

Репрезентацијата на Грузија налето за првпат ќе игра на Европско фудбалско првенство откако вечерва, по голема драма и пенали, ја елиминира Грција.

Нашиот јужен сосед го немаше рецептот на Македонија за победа на Тбилиси и за настап на Европско првенство ќе почекаат најмалку четири години, а таму ги нема од 2012 година.

Натпреварот по регуларните 90 минути, заврши без погодоци, 0-0, а така беше и по двете продолженија од по 15 минути.

Во пенал-серијата Мамардашвили го одбрани ударот на Бакасетас уште во првата серија, но Микаутадзе промаши во третата и ја врати неизвесноста. Јакимакис не беше прецизен во четвртата серија, а Квеквескири донесе голема радост на стадионот во Тбилиси, но и во цела Грузија, за конечни 4-2 на пенали.

Грузија на Европското првенство ќе биде во група со Португалија, Турција и Чешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести