Алонсо ги одби великаните: „Ова е најдоброто место за мене“

Шпанскиот тренер, Чаби Алонсо, го привлече вниманието кон себе оваа сезона со одличните игри на Баер Леверкузен, клубот кој го предводи од клупата. „Фармацевтите“ од Леверкузен се многу блиску до трофејот во Бундес лигата, во полуфиналето на Купот на Германија се единствениот прволигаш, а одлично им оди и во Европа.

Тоа беше причина екипи како Баерн Минхен и Ливерпул да се обидат да го ангажираат, но сега самиот тренер најави дека и следната сезона останува во Леверкузен и нема намера да си замине.

„Имав разговори со раководството на клубот и им соопштив дека сакам да останам. После многу приказни околу мојата иднина одлучив да ја искористам оваа пауза, да размислам и да донесам одлука. Ова е најдоброто место за мене. Нема да коментирам за Ливерпул и Баерн. Тоа се големи клубови и со нив сум поврзан поради минатото. Сепак, сега сум на местото каде сакам да бидам. Не е време сега да зборувам за иднината, сакам дополнително да го развивам Баер. Благодарен сум на Баер, на раководството, играчите и навивачите. Чувствувам дека вака е најдобро. На играчите веќе им ја соопштив одлуката“ – рече Алонсо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести