Понеделничките Квоти на ден се од пет различни лиги и најмалиот коефициент е 2.00 (Фото)

Денешните натпревари од Квотите на ден, ако ги одиграте сите пет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 44.55. Најмалата квота изнесува 2.00, а најголемата 2.30.

Првиот предлог е од натпреварот од Чемпионшип дивизијата меѓу Лестер и Норич и има квота од 2.10. Оваа квота се добива ако се одигра дека Лестер кој се бори за влез во Премиер лигата, победи и притоа биде постигнат гол во првото полувреме.

Во белгискиот шампионат започна плејофот и во првото коло ќе се игра градското дерби меѓу Серкл Бриж и Бриж. Предлогот на Sport Life е да одиграте на голови, односно дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар, Квотата за оваа игра е 2.05.

Најголемата квота е од дербито во данското првенство меѓу Копенхаген и Брондби и изнесува 2.30. За да се добие оваа квота потребно е да одиграте дека двата тима ќе дадат гол, и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Најмалата квота изнесува 2.00 и за неа треба да го одиграте Интер. Нераѕурите сигурно чекорат кон шампионската титула во Серија А и вечерва се големи фаворити против Емполи па затоа предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Последниот предлог е од последниот меч од 30-тото коло во Ла Лига меѓу Виљареал и Атлетико Мадрид и има квота 2.25. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Виљареал или на Атлетико, а притоа да бидат постигнати меѓу два и четири гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести