Со голот на Саул Њигес, негов прв сезонава во шпанската лига, а го даде во 87-ма минута, три минути откако влезе во игра, Атлетико Мадрид победи со 2-1 и освои важни три бода на гостувањето кај Вилјареал. Со оваа победа, Атлетико се искачи на четвртото место на табелата.
За Диего Симеоне ова е рекордна четврта победа како гостински тренер на стадионот „Керамика“ во предградието на Валенсија. Ниту еден друг тренер нема повеќе од три победи на гости кај Жолтата подморница.
За Јорганџиите заврши црната мини серија од два порази по ред, а за Вилјареал заврши убавата низа од четири триумфи едноподруго во Ла Лига.
Гол за Атлетико даде и Аксел Витсел, кој има два гола како играч на мадридскиот клуб и двата против Вилјареал. Цели 11 сезони се немаше случено Атлетико да ги добие двата дуели против Вилјареал во иста сезона, па и тој малер го разбија со голот на Саул.
SAUL GIVES ATLETCIO MADRID THE LEAD WITH A LAST MINUTE GOAL!!!!pic.twitter.com/jjNt4gV7ZQ
— Football World ⚽ (@xFootballWorld_) April 1, 2024