Фабрицио Романо со одлични вести за навивачите на Баерн: Преговорите со новиот тренер започнаа!

Баерн Минхен по 11 сезони, ќе остане без трофејот од Бундеслигата, а според навивачите, најголем виновник за тоа е тренерот Томас Тухел, кој налето и дефитивно ќе си замине од кормилото на Баварците. Раководството на клубот е во потрага по нов тренер, а откако доби „корпа“ од Чаби Алонсо, сега прв кандидат е тренерот на Брајтон, Роберто де Ѕерби.

Ваквата информација денес ја сподели познатиот инсајдер, Фабрицио Романо, кој тврди дека преговорите се веќе започнати, што предизвика задоволство кај навивачите на Баерн Минхен.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1775085138843423000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775085138843423000%7Ctwgr%5E8c20254c0db7c59dd482ebf5698dc34cb4c4adaa%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fde-zerbi-bayern-brighton-odluka%2F471832

Италијанскиот тренер има откупна клаузула од 14 до 15 милиони евра, сума која Баварците се подготвени да ја платат и која важи само ова лето. Де Ѕерби е во комбинација и за тренер на Ливерпул, но не е во прв план кај Црвените, кои чекаат одговор од тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести