Њукасл сака да го ангажира легендарниот Италијанец, тој нема ништо против тоа

Премиерлигашот Њукасл наскоро ќе остане без својот спортски директор бидејќи тој веќе подолго време е цел на Манчестер јунајтед и сосема е извесно дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“. Ден Ешворт има договор со Њукасл до 2026 година, па Страчките бараат 20 милиони евра за неговите услуги, а раководството на Јунајтед е подготвено да плати „само“ 10 милиони. Сепак, двете страни веројатно ќе се најдат некаде на средина, па Њукасл ќе мора да најде нов спортски директор.

Прв фаворит за оваа функција во клубот од Премиер лигата е легендарниот Италијанец, Паоло Малдини. Тој одби неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија, со што јасно стави до знаење дека сака да остане во европскиот фудбал, а Њукасл е одлична можност да работи во клуб кој нема финансиски проблеми и лесно може да му ги исполни сите желби.

- Оглас -

Најнови вести