Седумкратниот француски шампион Олимпик Лион, кој сезонава игра далеку под очекувањата, доби шанса да ја спаси сезоната откако вечерва се пласи во финалето на Купот на Франција.
Во првото полуфинале од Купот, Олимпик Лион со 3:0 го совлада второлигашот Валенсиен.
Фудбалерите на Олимпик Лион отпорот на второлигашот го скршија во второто полувреме, во 51-вата минута Александре Лаказет го отвори резултатот.
Потоа сè беше полесно за Лион, само шест минути подоцна Лаказет повторно се запиша во листата на стрелци, а точка на победата и на пласманот во финалето на Купот стави Орбан во 75-тата минута.
Во второто полуфинале ќе играат ПСЖ и Рен.