Ристовски со еден потег ги воодушеви навивачите на Динамо по нередите на „Пољуд“

По последниот свиреж на судијата во полуфиналето во Купот на Хрватска меѓу Хајдук Сплит и Динамо Загреб (0:1), настана вистински хаос поради упадот на теренот на навивачите на домашниот тим со цел да се пресметаат со гостинските фанови, но и со фудбалерите на Модрите, кои успеаја да се повлечат во соблекувалните.

Откако се смири ситуацијата на стадионот и полицијата не дозволи поголем инцидент, нередите кои ги правеше Торцида продолжија низ улиците на Сплит, а за тоа време гостинските фанови, Бед блу бојси, мораа повеќе од еден час да останат на „Пољуд“ и во тие моменти поранешниот капитен на македонската репрезентација, кој е член на Динамо, Стефан Ристовски, ја покажа својата класа.

Тој им носеше шишиња со вода на навивачите на Динамо Загреб, за што заработи аплаузи од Бед блу бојси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести