Фенербахче против Галатасарај ќе игра со јуниори и на легален начин ќе го прекине дербито за трофејот!?

Големите турски ривали Фенербахче и Галатасарај в недела ќе играат во финалето на Суперкупот на Турција. Од Фенербахче се незадволни за терминот на одигрување на овој натпревар за трофејот, а не се задоволни ниту од судијата кому му е поверено да ја дели правдата, па најавија дека ќе има нов скандал.

„На мечот од Суперкупот ќе играме со јуниорите. Испративме допис до Фудбалскиот сојуз на Турција во кој баравме да се одложи мечот или да има странски судии, но бидејќи не добивме никаков одговор, ние решивме да играме со јуниорите. Освен тој, одлучивме во наредните две сезони да не играме во Купот на Турција“, рече потпретседателот на Фенербахче, Ерол Билечик.

Турскиот весник „Фанатик“ открива и дека Фенербахче во Суперкупот планира да се појави само со деветина играчи на теренот и дека дуелот нема да трае 90 минути. Од Фенербахче смислиле опција како дуелот да не се доигра, а да не бидат казнети.

Според правилата, мечот може да започне ако има деветмина играчи на теренот од една екипа. Фенербахче нема да пријави други играчи, а во текот на мечот ќе се „повредат“ тројца фудбалери. Според правилата, ако една екипа остане со помалку од седуммина фудбалери на теренот, судијата автоматски мора да го прекине дуелот.

На тој начин Фенербахче службено ќе го загуби дуелот со 3:0, но нема да претрпи други санкции од Сојузот. Дека навистина воопшто не размислуваат на дуелот од Суперкупот против Галатасарај, во Фенербахче потенцираа и на социјалните мрежи, каде што најавија дека се подготвуваат за следниот меч, а тоа за нив е дуелот против Олимпијакос во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести