Ова нема крај: на Евертон повторно му се одземени бодови!

На Евертон му се одземени два бода поради второ прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. 

Правилата за профит и одржливост им дозволуваат на клубовите да загубат до 105 милиони фунти во текот на три години, а независната комисија откри дека Евертон го прекршил тоа за 16,6 милиони фунти за тригодишниот период 2022-2023 година.

На Карамелите во текот на сезонава им беа одземени и 10 бода, но во февруари тоа беше намалено на шест, по делумното прифаќање на жалбата за прекршување на финансиските правила во тригодишниот период до сезоната 2021-2022.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести