Како што се очекуваше Реал Мадрид и Манчестер сити играат спектакуларен дуел. Манчестер сити поведе со голот на Бернардо Силва по само 110 секунди игра, но веќе по 15 минути игра, ситуацијата е поинаква.
Реал Мадрид сега има предност од 2:1. Камавинга погоди за 1:1, а веднаш потоа Родриго беше прецизен за 2:1.
Ништо помалку динамично не е и во Лондон, каде играат Арсенал и Баерн Минхен. Топчиите први погодија со голот на Сака во 12 минута, а израмни Гнабри во 18 минута.