Бостон се посрамоти, постави негативен рекорд кој никогаш нема да биде урнат (Видео)

Во кошаркарската НБА лига се одиграа дури 14 натпревари, а во Милвоки се испиша историја, но негативна, на мечот Бакс – Бостон селтикс беа изведени вкупно само две слободни фрлања што е невидено досега, исто како и податокот дека Келтите станаа прв тим во историјата кој не застанал на линијата за слободни во текот на цел меч.

Елените го добија мечот со 104-91. Судиите дозволуваа повеќе физички контакт, не судеа често фаули, и тоа придонесе за овој негативен рекорд на Бостон кој никогаш нема да биде урнат, туку може само да се изедначи.

За Милвоки заврши серијата од четири порази по ред, но им се повреди Јанис Адетокумбо сега може само да се надеваат дека не е ништо сериозно, бидејќи се ближи плејофот.

Голден стејт потсети на шампионските денови, погоди 26 тројки во победата од 134-120 над ЛА Лејкерс и ова се најмногу примени тројки за Езерџиите во нивната историја.

Најефикасен поединец синоќа беше Ентони Едвардс од Минесота со 51 поен. Лука Дончиќ погоди пет тројки во првата четвртина, а потоа подзастана, но сепак дојде до 2.341 поен сезонава што е нов рекорд на Далас маверикс за број на поени на нивен играч во една сезона.

https://twitter.com/i/status/1777844978204479765

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести