Три погодоци се постигнати во првото полувреме на натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Фудбалерите на Барселона имаат водство од 0-1 на гостувањето кај ПСЖ, откако Рафиња во 37-мата минута ја искористи одбиената топка и ја смести во мрежата на Донарума.
Атлетико Мадрид веќе има убедливи 2-0 против Борусија Дортмунд. Родриго де Пол уште во четвртата минута донесе предност за домашните, откако го искористи големиот кикс на одбраната на Борусија Дортмунд, додека на 2-0 зголеми Самуел Лино во 32-рата минута.