Англичаните без неколку големи ѕвезди ќе атакуваат на титулата на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, го објави поширокиот список од 33-цата фудбалери кои ќе ги започнат подготовките за Европското првенство кое во јуни и јули ќе се игра во Германија и на него нема неколку големи ѕвезди кои досега беа дел од Гордиот Албион.

На поширокиот список, од којшто уште седуммина ќе отпаднат, нема имиња како тие на Маркус Рашфорд, Рис Џејмс, Рахим Стерлинг, Бен Чилвел и на поранешниот капитен Џордан Хендерсон.

Затоа на списокот е Лук Шоу од Манчестер јунајтед, иако има проблеми со повредите, како и Хари Кејн, Хари Мегваер, Ентони Гордон и Букајо Сака, кои исто така во моментов се повредени, но селекторот Саутгејт се надева дека ќе закрепнат до стартот на ЕП на 14 јуни.

Саутгејт одлучи да ја освежи репрезентацијата со неколку млади фудбалери кои имаа одлична сезона, како Куртис Џонс и Џарел Куанса од Ливерпул, Адам Вартон од Кристал палас и Коби Маино од Манчестер јунајтед, кој со 19 години е најмлад на списокот.

Селекторите ќе мора до седми јуни да ги достават во УЕФА конечните списоци од 26-темина фудбалери кои ќе бидат дел од ЕП, кое пак ќе се игра од 14 јуни до 14 јули.

Список на повикани фудбалери:
Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал), Дин Хендерсон (Кристал палас), Џејмс Трафорд (Барнли).

Одбрана: Кајл Вокер, Џон Стоунс (Манчестер сити), Лук Шоу, Хари Мегваер (Манчестер јунајтед), Џаред Брантвајт (Евертон), Џарел Куанса, Џо Гомез (Ливерпул), Марк Гуехи (Кристал палас), Киран Трипиер (Њукасл), Езри Конса (Астон вила), Луис Данк (Брајтон).

Среден ред: Деклан Рајс (Арсенал), Коби Маино (Манчестер јунајтед), Адам Вартон (Кристал палас), Конор Галагер (Челзи), Трент Александер-Арнолд, Куртис Џонс (Ливерпул).

Напад: Хари Кејн (Баерн), Оли Воткинс (Астон вила), Ајван Тони (Брентфорд), Џарод Боувен (Вест хем), Букајо Сака (Арсенал), Ентони Гордон (Њукасл), Кол Палмер (Челзи), Џејмс Медисон (Тотенхем), Џуд Белингам (Реал Мадрид), Фил Фоден, Џек Грилиш (Манчестер сити), Еберечи Езе (Кристал палас).

- Оглас -

Најнови вести