Столе е непробоен ѕид, урива клупски рекорди на Рајо

Рајо Ваљекано сезонава поставува нови дефанзивни клупски рекорди, а голем придонес за тоа има и голманот Столе Димитриевски.

Македонскиот чувар на мрежата има серија од три меча по ред без примен гол и ова е првпат во историјата на Рајо (22 сезони играле во првата лига) тимот да не прими гол на три лигашки дуели едноподруго.

Столе е цели 344 минути без примен гол. Последниот кој го совлада е Горосабел од Алавес на 10 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести