Немаше историско чудо на „Вембли“: Ковенти од 0:3 стигна до 3:3, но на пенали Манчестер јунајтед победи

Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на ФА Купот откако по голема драма и меч кој траеше повеќе од два часа, го победи Ковентри на пенали. Во регуларниот дел, мечот заврши 3:3, во дополнителните 30 минути немаше голови, а во пенал-рулетот, Црвените ѓаволи беа подобри со 4:2, за голема радост на нивните навивачи на „Вембли“.

Финалето во ФА Купот ќе биде реприза на ланската пресметка од Манчестер меѓу градските ривали Сити и Јунајтед.  Ковентри останува да жали затоа што не успеа да го направи историскиот пресврт во едно полуфинале на ова натпреварување.

Манчестер јунајтед доминираше во првиот час од мечот, период во кој фаворитот постигна три гола. Скот Мектоминеј ја отвори серијата погодоци, а потоа прецизни беа и Хари Медваер и Бруно Фернандес.

Некои помислија дека ова полуфинале е завршено, но не беше така. Ковентри тргна офанзивно и во последните 20 минути од средбата направи чудо и постигна 3:3. Симс, О’Хара и Рајт беа стрелци за второлигашот, кој израмнувачкиот погодок го даде од пенал во 90+5 минута, што беше знак дека мора да се играат продолженија.

Во дополнителните 30 минути, прво Фернандес ја погоди пречката во обид да даде четврти гол за Манчестер, а потоа на спротивната страна на ист начин возврати и Симс, но голови немаше и мораа да се изведуваат пенали, за да се дознае патникот во финалето.

ЕВЕ КАКО СЕ ОДВИВАА ПЕНАЛИТЕ: 

Касемиро промаши – голман одбрани

Рајт погоди за 1:0 за Ковентри

Дало погоди за 1:1

Торп погоди за 2:1 за Ковентри

Ериксен погоди за 2:2

О’Хера шутира, Онана брани

Фернандес погоди за 3:2

Шиф шутира преку гол

Хојлунд погоди за 4:2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести