Нервозна реакција на Дејвис: Го фрли микрофонот и ја напушти прес-конференцијата (Видео)

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, не можеше да го сокрие гневот по новиот пораз од Денвер нагетс во плејофот и ја напушти прес-конференцијата по едно прашање.

Денвер славеше со 101:99 и поведе со 2-0 во победи во првата рунда од плејофот во Западната конференција, а оваа воедно беше и десетти триумф по ред на актуелниот шампион над Лејкерси.

По мечот, Лејкерси имаа големи замерки на судењето, но на прес-конференцијата, една од прашањата беше и за последната акција на Денвер кога Џамал Мареј со звукот на сирената погоди за победа.

„Џамал Мареј погоди“, изјави Дејвис кој потоа го фрли микрофонот и ја напушти просторијата во која се одржуваше прес-конференцијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести