Ова може да се случи само во Иран, голман повикан во суд поради прегратка (Видео)

Голманот и капитен на иранскиот тим Естрегал, Хусеин Хосеини, е повикан во Судот за култура и медиуми бидејќи прегрнал девојка која немала хиџаб на главата и која бегала од обезбедувањето на стадионот.

Голманот со прегратката сакал да ја заштити девојката од обезбедувањето, но за иранските власти тоа претставува недозволив чин.

Хосеини е казнет со парична казна од околу 4.500 долари и е суспендиран на еден натпревар. Тој изјави дека ќе ја плати казната.

Но, тоа не е сè бидејќи новинската агенција „Фарс“ покрена кампања за дополнителна санкција за капитенот на Естрегал поради неговите коментари дека тоа што ја заштитил навивачката од обезбедувањето вреди повеќе од три милијарди ријали (4.500 долари).

 

- Оглас -

Најнови вести