Поранешниот напаѓач на Партизан, Умар Садик, од следната сезона би можело да игра во Премиер лигата, објавија шпанските медиуми.
Садик се наоѓа на радарот на најбогатиот клуб во Премиер лигата, Њукасл, кој е подготвен на Реал Сосиедад да му плати отштета во висина од 30 милиони евра.
Њукасл сака да го ангажира Садик како замена за Александер Исак, за кого постои сериозен интерес од неколку европски екипи. Интересно е што Садик во 2022 година дојде во Реал Сосиедад од Алмерија како замена токму за Исак, кој се пресели на „Сент Џејмс парк“.
El Newcastle se fija en Umar Sadiq, de la Real Sociedad: El club inglés, aprovechando su buena relación con los dirigentes del equipo andaluz, estaría dispuesto a desembolsar 30 millones de euros por el delantero nigeriano https://t.co/wJYmWz6V0P #fichajes
— Más Fichajes (@mas_fichajes) April 23, 2024
Нигериецот има договор со Реал Сосиедад до 2028 година, а сезонава одигра 36 натпревари и постигна три гола. Садик во 2020 година настапуваше за Партизан, по што потпиша за Алмерија.