Дождот ги сокри солзите: Големиот велемајстор му кажа збогум на фудбалот (Видео)

Поранешниот шпански репрезентативец, Давид Силва, вечерва и официјално замина во фудбалска пензија. Пред почетокот на првенствениот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид, тој го изведе почетниот удар и означи крај на кариерата, иако веќе неколку месеци не игра поради тешка повреда.

Давид Силва со репрезентацијата на Шпанија двапати беше европски шампион, а во 2010-тата година беше и светски шампион. Најголем траг остави во дресот на Манчестер сити, каде настапуваше од 2010-тата до 2020-тата година, а последните три сезони беше член на Реал Сосиедад. Давид Силва кариерата ја започна во екипата на Валенсија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести