Обрадовиќ: Партизан е мој клуб во кој уживам

Жељко Обрадовиќ и официјално потпиша нов двегодишен договор со кошаркарскиот клуб Партизан, објави на денешната прес-конференција во Белград, претседателот на Црно-белите, Остоја Мијаиловиќ.

„Во Партизан е нов дека Жељко Обрадовиќ е наш стар тренер, го продолжи договорот на уште две години. Се одлучивме да потпишеме на две години бидејќи толку ми трае мојот мандат како претседател. Им честитам на Жељко и на сите навивачи на Партизан, не очекува убав период. Сите заедно многу работевме на планот за развој и раст на тимот, најгледани сме во Европа и ова е успех на сите, управата, навивачите, играчите и на вработените во клубот“, изјави меѓу другото првиот човек на Партизан.

И Обрадовиќ кој е еден од најдобрите тренери во историјата со девет освоени титули во Евролигата, е задоволен што останува во Партизан.

„Откако се вратив во Партизан, целта ми беше клубот да стане редовен член во Евролигата. Тоа што се случува на нашите натпревари ги надминува границите на спортот и на Партизан, стана нешто големо, огромно и им благодарам на навивачите за поддршката и љубовта која ни ја даваат и нека продолжат така и во иднина. Ова е мој клуб во кој уживам и среќен сум што ќе останам тука и во наредните години. Имав респект секаде каде што работев, но ова е мој клуб, мој град, моја љубов. Моето размислување е такво да сакам да останам се додека клубот ме гледа како вистински човек за задачите. Кога нема да биде така, тогаш ќе размислувам за други работи, а јас веќе имам години кога треба да се размислува и за нешто друго“, изјави Обрадовиќ на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести