На Сари му се заканува отказ, а тој е подобар од Гвардиола

Челзи синоќа без никакви проблеми се пласираше во следната фаза од Лигата на Европа откако на реваншот против Малме со 3-0 победи на „Стемфорд бриџ“. Оваа сигурна и убедлива победа е одлична за враќање на самодовербата во редовите на Челзи, посебно по бламажата и поразот од Манчестер сити со 6-0.

Поради неколкуте лоши резултати, прва цел е тренерот Маурицио Сари. Англиските медиуми шпекулираа дека Сари во скоро време може да добие отказ. Сепак, ако се гледаат резултатите на италијанскиот стратег откако е дојден на клупата на Челзи, ќе се забележи дека Сари воопшто не е лош.

Во досегашните 43 меча како предводник на Челзи, Сари има забележано 28 победи, шест нерешени и девет порази. Ако се направи споредба со тоа каков биланс имал Пеп Гвардиола во првите 43 натпревари како предводник на Манчестер сити, ќе се види дека шпанскиот стратег имал една победа помалку од Сари, но и два порази помалку.

Во секој случај, Сари покажува дека не е на нивото да добие отказ од Челзи, но сепак никогаш ништо не се знае кога се работи за сопственикот на лондонскиот тим, Роман Абрамович.

 

- Оглас -

Најнови вести