Левандовски се бори за прв стрелец во Шпанија, и ВАР му помогна во тоа (Видео)

Барселона ја победи Валенсија со 4-2 во интересен меч по кој каталонскиот гигант се врати на втората позиција на табелата.

Во следното коло, Барса игра со Жирона и тоа ќе биде дуел за второ место, а може на Реал Мадрид да му донесе и титула. Реал за да стане првак веќе в сабота, мора дома да го победи Кадис, но и Барселона да не победи во каталонското дерби во Жирона.

Роберт Левандовски со два гола со глава потврди дека Барселона е многу опасна по корнерите, а при голот за 2-2 во првите минути од второто полувреме можеби имаше офсајд од Фермин Лопез, но во ВАР сметаа дека ситуацијата е чиста и голот треба да биде признат.

Полјакот го комплетира хет-трикот со гол од слободен удар. Ова е прв хет-трик на Леви во шпанската лига, а втор во дресот на Барса.

Валенсија водеше по првиот дел со 2-1, но останаа со човек помалку, исклучен беше голманот Мамардашвили и не успеаја да се одбранат, па забавен е нивниот напредок кон местата кои водат кон Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести