Поразот од Борусија Дортмунд 1:0 од првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите тешко им падна на играчите на ПСЖ, но тренерот Луис Енрике вели дека во реваншот ќе биде поинаква слика.
Светците имаа неколку шанси да постигнат гол, а во еден напад двапати ја погодите рамката на голот, но топката не влезе во мрежата.
„Сите бевме тажни во соблекувалната бидејќи двапати ја погодувавме рамката на голот. Двата тима направија доста шанси, но тие постигнаа гол. Ќе бидеме многу силни во реваншот. И претходно видовме што можеме да направиме пред нашите навивачи, сега 50.000 фанови ќе се бодрат и верувам дека ќе направиме нешто неверојатно само да бидеме поконцентрирани во завршницата од нападите. Нашата цел е навивачите да бидат горди на нас и да играме во финалето“, изјави Енрике.
Реванш натпреварот ќе се игра в вторник на „Паркот на принцовите“.