Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе, го прифати предизвикот да се трка против најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт. Трката против осумкраткиот победник на Олимписките игри ќе биде на 100 метри, а поканата доаѓа откако на Мбапе му беа измерени 10.9 секунди на 100 метри.
Болт се пензионираше во 2017-тата година и од тогаш нема настапено на трка, но и покрај тоа Мбапе вели дека не се надева на победата.
„Сите се будевме рано наутро за да гледаме неговите трки. Му се восхитував. Трката ќе биде забавна. Не очекувам победа, но зошто да не се сретнеме еден ден кога двајцата ќе имаме време и да направиме нешто убаво.“ – вели Килијан Мбапе.
Нема информација кога би се одржала трката. Јусеин Болт светскиот рекорд на 100 метри го постави во 2009-тата година во Берлин и се уште е актуелен, 9.58.