Вечерва ќе се случи историски момент во Премиер лигата

Судија за првпат ќе носи видеокамера на натпревар од англиската Премиер лига, и тоа вечерва од 21 часот за време на дуелот помеѓу Кристал Палас и Манчестер јунајтед.

Честа ќе ја има судијата Џаред Жилет, а камерата ќе му биде монтирана на главата. Снимките од камерата која се нарекува „RefCam“, нема да бидат достапни за телевизиските гледачи, туку ќе се користи само за еднократна програма за судењето.

И пред 2,5 години, Жилет влезе во историјата на Премиер лигата, тогаш како прв странски судија која водел меч од елитниот англиски фудбал. Жилет е Австралиец, а од 2019 година е преселен во Англија каде бранеше докторска дисертација на  Универзитетот во Ливерпул.

Во февруари, Даниел Шлагер во Бундеслигата носеше камера и микрофон, а кадрите од снимката беа искористени за предавање за судењето во Германија.

Минатото лето, Роб Џоунс беше со камера за време на контролата меѓу Челзи и Брајтон во Филаделфија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести