Брука над бруките за Манчестер јунајтед, Ѓаволите сезонава се како „ангелчиња“ (Видео)

Катастрофалниот пораз на Манчестер јунајтед од 0-4 на вечерашното гостување кај Кристал Палас, донесе некои негативни рекорди во славната историја на клубот од „Олд Трафорд“.

За Јунајтед, ова е 13-ти пораз сезонава и тоа е нов рекорд за клубот во неговата историја. Никогаш досега во една премиерлигашка сезона немале толку многу порази, а особено вечерашниот беше понижувачки од тим кој е 14-ти на табелата.

Ова е рекорден петти пораз за Црвените ѓаволи во Лондон сезонава. Тие во главниот град загубија од Арсенал, Челзи, Тотенхем, Вест Хем и Кристал Палас, нешто што им се счучлува првпат во историјата.

Тимот на менаџерот Ерик Тен Хаг сезонава во сите натпреварувања има примено вкупно 81 голови, што е најмногу за клубот од далечната сезона 1976/77 наваму.

Палас е во форма, има пет меча по ред без пораз, поставија рекорд по број на постигнати голови дома во една премиерлигашка сезона, првпат во нивната историја двапати го победија Манчестер во една иста сезона.

https://twitter.com/i/status/1787580443975721298

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести