Нов шок за шампионот: Втора победа за Минесота против непрепознатливиот Денвер (Видео)

Актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс, и вторпат загуби пред своите гледачи од Минесота тимбервулвс, овој пат со 80-106. Бројот на поени кои го постигнаа кошаркарите на Денвер јасно говори за тоа каква одбрана одигра Минесота, а најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ, постигна само 16 поени.

Уште еден неверојатен податок е тоа што кошаркарите на Денвер во првото полувреме постигнаа само 35 поени, додека Минесота на паузата имаше 61 поен, односно истата разлика како и на крајот, +26. Едвардс и Таунс од Минесота постигнаа по 27 поени, додека Јокиќ освен 16-те поени, имаше и 16 скока и осум асистенции, но иако беше на чекор од трипл-дабал, сепак беше незабележителен на теренот.

Кошаркарите на Њујорк полуфиналната серија од Источната конференција против Индијана ја отворија со домашен триумф од 121-117. Најзаслужен за победата на домашните беше Брансон со 43 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести