Доминантен старт во втората рунда на Бостон и Оклахома сити (Видео)

Екипите на Бостон селтикс и Оклахома Сити тандер, со многу убедливи победи поведоа со 1-0 во своите серии од конференциските полуфиналиња во НБА лигата.

Тандер беше подобар од Далас маверикс со 117-95, додека Селтикс го надигра Кливленд кавалирс со 120-95.

Тимот од Оклахома уште нема пораз во годинешниот плејоф, откако со 4-0 го елиминираа Њу Орлеанс, му покажаа мускули и на Далас. Лука Дончиќ беше запрен на само 19 поени и тоа им ја олесни работата на Громовите. Тандер го има најмладиот состав во плејофот, но засега неискуството не се забележува.

Бостон со 18 тројки и 48,9 отсто реализација на севкупниот шут од поле, му одржа лекција на Кливленд. Селтикс беа без Кристапс Порзингис, но расположени беа Џејлен Браун со 32 поени и Дерик Вајт со 25 поени. Донован Мичел уфрли 33 поени, што е околу една третина од поените на Кавалирс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести