Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 31-вото коло на Првата лига и донесе заклучок дека судијата Игор Иванов требало да го поништи голот со кој Вардар ја победи Македонија Ѓорче Петров со 1-0.
Вардарци до победата дојдоа во 93-тата минута.
„На одбиена топка во голманскиот простор од 5,5 метри во 16-никот на гостинската екипа, голманот сакаше да игра со раце со топката, но противнички играч на недозволен и неспортски начин (со рака направи прекршок на раката на голманот) го спречи голманот да интервенира, а друг играч на екипата на домаќините со глава постигна гол.
Погрешна одлука на главниот судија што го призна голот, требаше да се досуди слободен удар над голманот на гостинската екипа поради недозволен старт на играч на домаќините, спречувајќи го голманот да игра со топката“, стои во анализата на комисијата.
За останатите спорни моменти во 31-вото коло проценето е дека судиите донеле правилни одлуки.