Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со 29 поени и 10 скока беше најзаслужен за брејкот на Далас кај Оклахома, па по мечот се појави на официјалната прес-конференција на која ги кажуваше своите видувања за мечот.
Во еден момент во салата се слушнаа звуци од филм за возрасни, што го прекина говорот на Дончиќ на половина реченица, а Словенецот остана вчудоневиден од тоа што го слуша.
„Се надевам дека ова не е во живо“, прокоментира Дончиќ, по што настана гласно смеење во прес-салата во Оклахома.
Doncic’s initial postgame comments were interrupted by an, uh, interesting sound. pic.twitter.com/FMQYD9Dp7x
— Brad Townsend (@townbrad) May 10, 2024