Шампионот одигра шампионски и со брејк ја намали негативата, победи и Индијана (Видео)

Актуелниот НБА шампион, екипата на Денвер нагетс, одигра шампионски и со брејк во Минеаполис во третиот меч од конференциското полуфинале намали на 1-2. Минесота едноставно немаше шанси против разиграните Јокиќ и Мареј, и загуби со убедливи 90-117. Гостите од самиот старт доминираа и постојано ја зголемуваа предноста, а тоа ја натера публиката предвреме да ја напушти салата и да не го гледа крајот од мечот.

Никола Јокиќ со 24 поени, 14 скока и девет асистенции беше најдобар на паркетот, а 24 поени постигна и Мареј. Дури тројца кошаркари на Денвер мечот го завршија со 20+ поени, а веднаш позади Јокиќ и Мареј беше Портер со 21 поен.

Кошаркарите на Индијаната намалија на 2-1 во серијата против Њујорк, откако со пресврт во последниот период победија со 111-106 на домашен терен. Резултатски мечот почна во корист на домашните, но со одличните втора и трета четвртина гостите направија пресврт и во последниот период влегоа со предност од 85-90. Сепак, домашните одиграа фузриозно во последната четвртина, која ја добија со убедливи 26-16 и негативата од пет поени ја претворија во позитива од пет поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести