Како од соништата, Марко Ројс даде голчиште на последниот свој меч во Дортмунд (Видео)

Ветеранот Марко Ројс денеска за последен пат го носи дресот на Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна парк“, а простувањето од публиката го прослави со постигнување на прекрасен гол од слободен удар.

Пред мечот, му беа направени почести на Ројс, а тој врати на најубав начин.

Борусија води со 2-0 против Дармштад, а Ројс го даде вториот гол и соиграчите го кренаа во раце. Голот погледнете го ТУКА.

Навивачите на популарниот Жолтиот ѕид направија кореографија за нивната омилена 11-ка, ова е меч кој Ројс никогаш нема да го заборави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести